Со Грчките железници и Солунското пристаниште договорени нови протоколи за работа во кризно време
Подготовката на логистика за зголемен потенцијален железнички транспорт од Солунското пристаниште, била тема на денешната средба во Солун на раководствата на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, ЈП ЖРСМ Транспорт, Солунското пристаниште и Грчките железници.
-Состанокот е заради сеопфатна подготовка за зголемен потенцијален железнички транспорт од Солунското пристаниште. Договорени се нови протоколи и процедури за работа во кризно време и одговор на сите потреби во такви околности, изјави за МИА Хари Локвенец, директор на ЈП МЖ Инфраструктура.
Разговарано е и за меѓудржавното железничко поврзување преку граничната станица Битла Кременица. -Работите од македонска страна се завршени, а во најскоро време ќе бидат завршени и од грчките железници, рече Локвенец.
На средбата со првите луѓе на Грчките железници и Солунското пристаниште покрај директорите на ЈП МЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец и на ЈП МЖРСМ Транспорт Мајан Весели присуствувал и директорот на Фершпед Иван Петровски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација