Македонија
27. јуни 2017 - 12:50

Со години стоела во подрум во Кочани, оваа граната конечно безбедно извадена

Вчера во 19.05 часот телефонски во ПС Кочани, С.С. (57) од населба Оризари пријавила дека при изведување градежни работи во подрумските простории на куќата сопственост на С.Ј. (79), било пронајдено неексплодирано артилериско-минофрлачко зрно (корозирано) со непознат калибар и потекло, со должина од околу 30см, кое најверојатно потекнувало од Втората Светска војна.
 
Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Кочани зрното било подигнато од местото за понатамошна постапка.