Џет-Сет
23. December 2015 - 18:52

Со години настапуваше со расипани заби, пејачот конечно ги поправи

Популарниот фронтмен направи промена која тешко дека некој можеше да ја претпостави.

Шејн Мек Гован, легендарниот ирски рокер, најпознат како фронтмен на бендот “The Pogues”, со години беше познат, меѓу другото и по расипаните заби, а сега конечно реши да стави крај на тој лош имиџ.

Промената е толку неверојатна, што на таа тема е направен и, верувале или не, документарен филм.

Стоматолошката интервенција, како што се наведува траела девет часа, а еден заб по негова желба е -златен.

Какви се промени во исхраната ќе му донесе овој новитет во неговиот живот, може само да претпоставиме.