Loading Video...
Фудбал
26. September 2020 - 16:06

Со „ѓаволска“ среќа Манчестер Јунајтед го победи Брајтон

 
 
 
 
 
Екипата на Манчестер Јунајтед имаше многу среќа се радуваше на победа на гостувањето кај Брајтон. 
 
На натпреварот на кој беа вкупно постигнати шест гола, еден поништен, а два од нив постигнати од пенал, на крајот „црвените ѓаволи“ се радуваа на триумф со конечни 3-2. 
 
Домаќините поведоа во 40-минута од пенал преку Мапај, а три минути подоцна Дунк со автогол донесе израмнување. 
 
Во вториот дел Рашворд постигна два гола, но првиот беше поништен поради офсајд. 
 
Кога сите очекуваа крај на мечот, прво домаќините во последната минута од судиското дополнение израмнија преку Марч го израмнија резултатот, но во следниот напад по ударот на Мегвајер по глава, главниот судија отсвири крај, но се предомисли. По прегледувањето на ВАР снимката покажа на белата точка, а пеналот во гол и победа за Манчестер Јунајтед го претвори Фернандеш.