Македонија
31. March 2019 - 19:25

Со гастрономија Охрид ќе привлекува туристи

Гастрономијата претставува атрактивен туристички производ и магнет за гостите.

Со оглед на тоа дека традиционалната кујна  е третиот по важност фактор во севкупната понуда на една дестинација веднаш после природните , културно историските знаменитости и сместувачките капацитети добрите познавачи од областа на туризмот сметаат дека неизоставно мора да се работи на подигнувањето на  квалитетот на храната .

Националните јадења од земјава ,Хрватска, Бугарија и Грција ќе се промовираат најнапред одделно а потоа и со заедничко мени пред светските тур оператори.

Според последните истражувања во светот тренд е гастрономскиот туризам. Најпрактично за развој на овој вид туризам е вмрежувањето , односно спојувањето на повеќе национални кујни.