Македонија
8. August 2022 - 16:34

Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино ќе се отвори фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола

Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино ќе се отвори 43 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. По тој повод Битола ќе биде домаќин на бројни домашни и странски филмски ѕвезди. Кинематограферката на филмот Дарија Д‘Антонио, и добитникот на Златната камера 300 за животно дело, Ентони Дод Ментл ќе бидат дел од присутните гости, а најавен е и британскиот снимател Џон Метисон, номиниран за Оскар за „Гладијатор“ и „Фантомот од операта“.

Во четирите натпреварувачки програми ќе се прикажат вкупно 54 филмови, при што во главната програма доминираат наслови од Канскиот фестивал, меѓу кои е и годинашниот победник „Триаголник на тагата“.

Во оваа програма вклучени се и два домашни филма, „Мими“ на Даријан Пејовски и „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристевски, со кој што ќе се затвори фестивалот.

Во останатите три програми, посетителите ќе имаат можност да уживаат во изборот на филмови од регионот и светот.