Македонија
20. August 2017 - 13:50

Со фалсификувана сообраќајна сакал да влезе во Македонија

На граничниот премин „Деве Баир“, вчера во 16 часот за влез во Република Македонија се пријавил В.Г.В. (48) од Република Бугарија, кој управувал патничко возило „Мерцедес 270 ЦДИ“ со бугарска национална ознака. При контрола на сообраќајната дозвола и на носителите на идентитетот на возилото (ВИН бројот, типската налепница и дополнителнителните налепници кои се наоѓаат во возилото од кои може да се идентификува), било констатирано дека тие не се совпаѓаат со оригиналните. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, В.Г.В. бил лишен од слобода, а патничкото возило било одземено. Лицето и возилото се предадени на полициски службеници од полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.