Loading Video...
Македонија
19. March 2021 - 16:37

Со Фајзер се уште нема потпишан договор, масовната имунизација почнува со АстраЗенека

Додека ги чекаме првите дози за граѓаните, и втората анкета неделава покажа дека јавноста е поделена дали ќе се вакцинира против Ковид. Според истражувањето спроведено од Брима, 37 отсто - повеќето пензионери сакаат да се заштитат, 36 не сакаат, а 23 проценти ќе почекаат дали некој ќе има несакани последици.

Резултатите од теренската анкета спроведена од 24 февруари до 9 март која опфатила 1205 граѓани над 15 годишна возраст покажуваат дека македонските граѓани најмногу веруваат во вакцината на Фајзер, а најмалку на Астра Зенека.

Но, се поизвесно е дека првите количини кои ќе дојдат во земјава преку Ковакс до 15 април ќе биде пратката со Оксфордската вакцина. После информациите за смртни случаи и несакани ефекти после имунизацијата со Астра Зенека, Филипче за да ги убеди граѓаните рече дека ќе биде меѓу првите кои ќе се вакцинираат со овој производ.

- Имајќи предвид дека гледаме сега дека навистина скепсата е најголема во однос на таа вакцина, да, дефинитивно, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Од друга страна речиси 3 месеци државата преговара да купи вакцини од Фајзер. Американската компанија испратила дополнително барање.

- Ние од наша страна го потпишавме договорот и го вративме, меѓутоа се уште не е вратен назад. Сега има некое дополнително барање коешто стигна пред три дена, а се однесува на обесштетување за евентуално нескани ефекти од вакцината.  И тука има некои специфични барања, интензивно разговаравме и во текот на изминативе два дена и денеска. Утрово ги чекаме повратните информации од „Фајзер“. И самите се свесни и укажаа дека навистина долго време траат овие разговори со нив и јас верувам дека конечно ќе се финализираат, рече Филипче.

Откако Кина ни го врати авансот здравствените власти немаат конкретен датум дали и кога ќе добиеме вакцини од Синофарм.