Со eвропски пари Вевчани ќе реализира три крупни инфраструктурни проекти
Со грант од европските ИПА претпристапни фондови за рурална инфраструктура во висина од 260.000 евра ќе се реализираат три крупни инфраструктурни проекти во општина Вевчани. Договорот денеска во Министерството за финансии го потпиша градоначалникот Цветомир Угриноски.
Со грантот, како што информира Угриноски, ќе се прави заобиколен пат од основното училиште „Страшо Пинџур“, покрај спортската сала до детската градинка „Планински цвет“, партерно ќе се уреди просторот и ќе биде поставена и урбана опрема кај училиштето. Со проектот предвидено е да се догради и шеталиштето и кејот по должината на Вевчанска река до Вевчанските извори.
- Со изградбата на заобиколниот пат и партерното уредување на просторот кај новоизграденото основно училиште ќе заврши реализацијата на проектот за изградба на современ спортско образовен комплекс во општина Вевчани. Во рамките на овој комплекс изградени се нова училишна зграда, тениско игралиште и спортска сала, а годинава треба да отпочне проектирањето и изградбата на ново повеќенаменско спортско игралиште, изјави Угриновски.
Истовремено, додаде градоначалникот, со изградбата на шеталиштето по должината на Вевчанска река значително ќе се подобри туристичко - рекреативната инфраструктура во општина Вевчани.
- Реализација на овие големи инфраструктурни проекти ќе овозможат подобри услови за спорт и рекреација на младите, но и можност за развој на спортскиот туризам. Сите гости добронамерници ќе можат да уживаат во убавините што ги нуди природата во Вевчани, нагласи Угриноски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати