Бизнис
3. August 2018 - 20:08

Со емитувањето државни записи, државата ги зема парите на бизнис секторот

Државата им ги  зема парите на компаниите. Од бизнис секторот велат  дека таа е главениот  виновник  за намалувањето на кредитирањето на  фирмите. Банките парите наместо да ги пласираат во стопанството со нив купуваат државни хартии како сигурен начин за инвестирање. Бизнис секторот веќе подолг  период алармира дека има потреба од свеж капитал за да излезат од стагнација,  да влезат во нови инвестиции  и да ја поодбрат ликвидноста. Бараат банките да го одврзат кесето и да почнат да делат поволни кредити во стопанството - клучот за поголем економски раст.

Според последниот извештај на НБРМ кредитирањето на компаниите станува се поскапо. На новите кредити за коорпоративниот сектор каматата е зголемена за 0,05 процентни поени и сега просечната каматна стапка изнесува 4,64 %

Намалување има и кај каматите на коорпоративните депозити од 1,39 проценти на 0,89 отсто.

Дека фирмите не можат да дојдат до кредит поради лошите услови кои ги нудат банките покажуваат  и податоците на Светска банка во кој е наведено дека долгот на компаниите кон банките изнесува 49 отсто од БДП. Само за споредба во развиениет земји овој процент е многу повисок. Австриските кооорпоративни кредити  изнесуваат 84 % од БДП, во Франција долгот кон банките е 101 процент од БДП, а во Германија  77 отсто.