Македонија
9. November 2018 - 9:15

Со џип прегазено 5-годишно девојче во Ресен

Вчера околу 15.00 часот на улица „11-ти Октомври“ во Ресен, Н.Ј.(20) од село Царев Двор, управувајќи патничко возило „JEEP LIBERY“, удрила во петгодишно девојче од Ресен.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Битола.

Увид на местото нa настанот извршила екипа од Полициската станица Ресен.