Македонија
21. February 2020 - 11:43

Со два проекта Општина Гевгелија ќе аплицира на јавниот повик од Бирото за рамномерен развој

Со проектите за изградба на фекална канализација со препумпна станица во селото Милетково и за доизградба на локалниот пат до планинското село Ума, Општина Гевгелија ќе аплицира за средства на јавниот повик од Бирото за рамномерен развој кои се наменети за развој на подрачја со специфични потреби и села, потврдија денеска од општината.

За изградбата на фекална канализација со препумпна станица во Милетково на Општина Гевгелија ќе и требаат околу 15,7 милиони денари, а за доизградба на локалниот пат до селото Ума уште 8,1 милиони денари.

Општина Гевгелија соопшти дека ги прифаќа и условите за кофинансирање од 10 отсто или сопствено учество од околу 810.000 денари за изградба на патот до селото Ума и учество од 50 отсто или околу осум милиони денари за изградба на фекалната канализациска мрежа во селото Милетково.