Со донација од амбасадата на Јапонија се поставува парно греење во училиштето во Долни Дисан
Со донација од Амбасадата на Јапонија се поставува парно греење во училиштето во Долни Дисан. Од службата за информирање при општина Неготино, денеска соопштија дека таму се работи интензивно.
-Во ова училиште, кое делува во склоп на ООУ„Гоце Делчев“, деновите од летниот распуст кога не се одвива настава се користат за непречено одвивање на повеќе градежни активности. За прв пат, во сите простории на училиштето се поставува парно греење, со што пак, од употреба ќе бидат исфрлени помошните грејни тела кои досега се користеа за затоплување на просториите, информираа од прес службата.
Паралелно, училишниот двор се поплочува со бекатон коцки, а исто така се поплочуваат и влезните скали на училиштето. Постоечката и дотраена метална ограда се заменува со нова, а се гради и потпорен sид за нивелација на теренот.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата