Македонија
6. December 2018 - 13:04

Со доградба на градинката во Градско зголемен капацитетот за згрижување на деца

 Детската градинка „Кокиче“ во Градско е просторно проширена со што е зголемен капацитетот на деца кои може да се згрижат од сегашните 35 на 55. Градинката е проширена за уште 100 метри квадратни. Има уште една занимална и доградена е трпезаријата за што се инвестирани еден милион и 900 илјади денари од Министерството за труд и социјална политика.

Преуредена е и внатрешноста на стариот дел од градинката, заменет е мебелот, набавени се нови детски реквизити и опремена е кујната со нови елементи. Средствата во висина од 340 илјади денари се обезбедени од Амбасадата на Полска.

– Има голем интерес на родителите од населбата Градско за сместување и згрижување на нивните деца во градинка. Затоа овој проект е во насока на исполнување на нивните барања и потреби, изјави градоначалникот на општина Градско, Роберт Бешовски.

Тој најави дека општината ќе поведе постапка градинката да функционира како самостоен правен субјект под ингеренции на Општина Градско.