Живот
20. October 2018 - 21:17

Со часови чекаат да купат лото ливче: Вака изгледа редот пред лотарија кога премијата е милјарда

Бидејќи џекпотот во мегамилионската американска лотарија порасна на неверојатни милјарда долари, јасно е дека многу граѓани сакаат да си ја пробаат среќата.

Затоа не им смета и неколку часа да стојат во ред за да купат лоз. Засега никој не се јавил дека ја освоил оваа вртоглава сума.

Официјалните лица велат дека доколку никој не го освои џекпотот, во наредното извлекување во вторник вечер, главната добивка ќе биде дури 1,6 милјарди долари - најголема во историјата.

Лото грозницата толку многу завладеа што оние кои не успеаја да најдат лото ливче ги прашуваат пријателите, роднините или колегите да им купат.

Некои веќе планираат што би правеле со толку пари.

„Се надевам дека ќе добиеме...Сакаме многу да дадеме во добротворни цели“, рече еден играч.