Македонија
16. October 2015 - 10:46

Со бугарско дипломатско возило прегазен пешак во Битола

Синоќа околу 18 часот и 40 минути на улица Партизанска во близина на болницата во Битола, возило „фолксваген пасат“ со дипломатски регистарски таблички на бугарскиот конзулат удри во пешак на возраст од околу 80 години.

Пешакот со возиоло на итна медицинска помош пренесен е и хоспитализиран во Клиничката болница во Битола, дознава ТВ Орбис.

Засега нема информации каква е неговата состојба.