Со Буџетот за 2018 навремена исплата на субвенции и повеќе пари за шумскиот фонд
Буџетот за земјоделство за следната година изнесува 10,1 милијарди денари и со него ќе се обезбеди навремена и целосна исплата на субвенциите, а има планирано и повеќе средства за зголемување и заштита на шумскиот фонд.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска на прес-конференција во Владата посочи дека предлог-буџетот е креиран врз принципот на домаќинско и рационално трошење и оти со него ќе се обезбеди навремено сервисирање на тековните потреби на секторот, пред се на земјоделците и агробизнисмените.
- Со Предлог-буџетот за секторот земјоделство ќе обезбедиме целосна, навремена и неселективна исплата на субвенциите, поголемо производство на домашните квалитетни и безбедни прехранбени производи и ќе го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец затоа што само така ќе направиме македонскиот аграр да биде модерен, конкурентен и по европски стандарди, истакна министерот Николовски.
Најголем е буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка на змејоделството и руралниот развој и таму се планирани 8,6 милијарди денари. Од нив, 8,4 милијарди денари се за директна поддршка во земјоделството и руралниот развој. Само за земјоделското производство се планирани 6,6 милијарди денари. За зголемување и заштита на шумскиот фонд обезбедени се 21 милион денари. Вкупниот буџет на Министерството за земјоделството, пак, изнесува околу 643 милиони денари.
Непродуктивните трошоци намалени се за половина милиони денари. Правејќи споредба со пет месеци од минатата година и петте месеци откога тој е министер, Николовски рече дека со правилниците донесени во Министерството значително се скратени непродуктивните трошоци.
- Во првите пет месеци досега откога сум министер направена е анализа на службените трошења на службената картичка која ја има Министерството. Во истиот период минатата година направени се трошења од 16 илјади евра, а сега има трошења под 200 евра, рече Николовски.
Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Николовски информираше дека досега се пристигнати над 80 апликации од невладини организации за програмата за капитални транфери за НВО.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж