Македонија
21. July 2019 - 18:58

Со БМВ удрил во мотоциклист, па двајцата удриле во паркирано возило

Денеска во 01.00 часот на Регионалниот пат Кочани – Зрновци, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „БМВ“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.М.(20) од с.Тркање и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од К.Г.(26) од Зрновци, кои потоа удриле во паркирано патничко возило „Фиат Браво“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Ф.М.(21) од Зрновци. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „БМВ“ и сопатничката М.А., а со повреди се здобиле и возачот на мотоциклот и сопатничката Т.З. од Зрновци. Увид извршила екипа од Полициската станица Кочани.