Македонија
25. November 2016 - 14:56

Со автомобилот излетал од патот - Несреќа во Куманово

Многу страшни сообраќајни несреќи изминатиот ден во Македонија. Во едната од нив почина маж, во друга е прегазено осумгодишно детенце. Во 11 часот и 10 минути на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна незгода во која 19-годишниот М.Ѓ. од Куманово, управувајќи возило „Ауди А4“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил тој заедно со 18-гоишниот сопатник Д.С. од Куманово.

Истите се пренесени во Ургентен центар Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.