Македонија
18. December 2019 - 11:34

Со автомобил удрил во паркирани возила кај Конјаре, еден возач тешко повреден

Две возила се судриле во Куманово, влетале во паркирани возила и удриле во маж.

Во 17.00 часот било пријавено дека на автопатот Куманово - село Табановце, кај селото Долно Конјаре, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Х.Е. од Ваксинце и патничко возило „дачија логан“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Н.Б. од Табановце, кумановско.

Притоа, возилото „мерцедес“ удрило и во паркирано товарно возило „фиат дукато“ со кумановски регистарски ознаки, сопрено од 45-годишниот С.С. од општина Липково и паркирано патничко возило „форд галакси“, со кумановски регистарски ознаки, сопрено од 45-годишниот И.Р. од Черкези, кумановско и во И.Р., кој бил до возилото.

Во незгодата И.Р. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.