Македонија
15. December 2018 - 15:21

Со автомобил удрил во неколку паркирани возила, еден тешко повреден

Во 16.25 часот во Полициска станица Македонски брод е пријавено дека на улица ,,Партизанска’’ во Македонски Брод патничко моторно возило ,,Фолксваген голф’’ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 31-годишниот С.С. удрило во две паркирани возила ,,Ауди А3’’ сопственост на П.П.(30) и ,,Опел Вектра’’ сопственост на Д.П.(48) од село Речани, кичевско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.С. на кого му била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп.

Извршен е увид на местото на настанот.