Македонија
2. јуни 2020 - 10:50

Со автомобил удрил пешак, па избегал

На 01.06.2020 во 16.00 часот било пријавено дека на бул. „Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје непознато патничко возило удрило во пешакот Ц.Б.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

Се работи на расчистување на случајот.