Македонија
6. August 2018 - 13:38

Со ауди излета од патот Неготино - Кавадарци, возачот префрлен во болница во Скопје

Синоќа во 23.30 часот на регионалниот пат Неготино - Кавадарци, во с.Марена, патничко возило „Ауди А3“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Р.Ч.(31) од Неготино, излетало од патот.

Притоа, возачот Р.Ч. се здобил со повреди и бил пренесен на лекување во комплексот клиники „Мајка Терза“- Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.