Македонија
15. July 2021 - 11:46

Со „ауди А5“ удрил во 45-годишна жена од Скопје која починала на лице место

На 14.07.2021 во 16.40 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Коце Металец“ и сервисна улица, патничко возило „ауди А5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(46) од Скопје удрило во пешакот Б.З.(45) од Скопје. На местото на незгодата починала Б.З. Смрт констатирал лекар, а извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.