Македонија
16. April 2021 - 19:32

Со „алфа ромео“ удрил во ѕид пред бензинска пумпа на магистралата А3 кај Делчево

Возило Алфа-Ромео удри во ѕид пред бензинска пумпа на Макпетрол на магистралата А3 на влезот во Делчево.

Увид на местото на несреќата врши екипа од сообраќајната полиција во Делчево. Оттаму информираат дека возилото удрило во дел од ѕид пред бензинската, а притоа зафатило и лимен банер кој стоел во близина на местото.

Од полицијата додадоа дека настанот се случил околу 18:15 часот, а дополнителни информации за причината за несреќата најавија во текот на вечерта.