Бизнис
17. April 2017 - 19:40

Со активните мерки и програми до помала невработеност

Сметководители, менаџери,.електроинженери , архитекти се само дел од слободните работни  места кои се бараат на пазарот на трудот. 

Фирмите имаат потреба од над  3.800 лица , а во моментов невработени се над 200 илјади .  Работодавачите имаат проблем  да најдат кадар, кој ќе одговори на нивните барања.

Затоа државата, преку различни  мерки и програми им нуди обуки, преквалификавции и докфалификации. Со оперативниот план за вработување за оваа година , предвидено е да се вработат 10 илјади лица.

За започнување сопствен бизнис и за отворање нови работни места, државата доделува и неповратни средства.  Новиот оглас ќе биде објавен во мај, а до крајот на јуни, компаниите можат да ги искористат поволностите од проектот Македонија вработува 2.

Државните мерки значително придонесоа  да се намали стапката на невработеноста. Според надлежните, во последните десет години вработени се 150 илјади лица. Со тоа и стапката на невработеноста се спушти на истостики најниско ниво од 23%.