Македонија
12. January 2021 - 20:02

Со 95 гласа „за“ избран новиот состав на ДИК

 Собранието ја избра новата Државната изборна комисија. Во стоставот влегуваат и досегашани членови, но мнозинството сепак ќе биде ново.

За претседател на Комисијата е избран Александар Даштевски кој е предлогот на опозцисиката ВМРО-ДПМНЕ. Потпретседател ќе е Дитмире Шеху од ДУИ, која и досега беше на оваа функција во ДИК. Од СДСМ како членови остануваат Борис Кондарко и Радица Ристеска, а нов член од владејaчката партија ќе биде Оливер Ристевски, екс заменик министер за правда. Член од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Бобан Стојаноски - актуелен пратеник, а од Алијанса на Албанците – Кренар Лога.

Изборот беше направен експресно, откако минатата недела заврши собранискиот оглас и целата процедура помина без речиси никаква дебата во парламентот. Единствено реагираа од БЕСА.

Мандатот на ДИК трае две години. Прва редовна активност на новиот состав треба да им бидат локалните избори на есен.