Бизнис
18. January 2016 - 20:19

Со 700.000 евра ќе се стимулира вработувањето на над 300 социјално ранливи граѓани

Над 700 тини илјади евра обезбедени за годинава за мерката обуки и субвенционирано вработување.  Треба да се  вработата над 300 лица и тоа од социјално  ранливите категории, долгорочно невработени , постари над 50 години и млади до 29 години.  Ова е втора мерка која почна да се спроведува од оперативниот план за намалување на невработеноста за 2016 година.

Обуките кај почнат рабтодавач траат три месеци, а лицата ке добиваат по 6.200 денари. Кога ќе се вработата ќе добиваат по 19 ооо  денари  нето плата за наредните  шест месеци , а работодавецот ќе има обврска да го задржи и наредните 12 месеци.  Една фирма може да добие најмногу до 13 илијади  денари за секое вработено лице, рече  Диме Спасов- заменик министер за труд и социјала.

Околу 30 отсто до  вкупните средства  се планирани за вработувње на 100 млади лица до 29 години.  Фирмите кои ќе ја користат мерката нема да можат да ги користат поволностите од Македонија вработува.

Повикот за аплицирање е објавен и ќе  биде отворен се додека не се исполни предвидената бројка за вработување.

Мерката - обуки и субвецнионирано вработуавње се користи уште од 2013 година и од тогаш до сега  се вработиле  660 лица. 

Пред неколку дена беше објавен и нов оглас за аплицирање за грант за самовработувње.

Со оперативниот план за вработување  годинава  ќе бидат опфатени 13 илјади лица од кои близу 9.000  дирекно ќе се вработат.