Бизнис
9. May 2017 - 19:47

Со 175.000 евра од ИПА езерото Мантово се уредува во туристичка дестинација

Езеротро Мантово ќе стане главна туристичка дестинација во општина Конче.  Покрај веќе постоечките три влашки колиби кои вo изминатите години привлекоа голем број туристи општината започнува со уредување на дополнителен излетнички простор. На површина од околу 2700 метри квадратни ќе бидат изградени уште три нови влашки колиби, мало и големо газебо, панорамска тераса  а планирано е и партерно уредување на целиот простор. Проектот ќе се реализира како дел од програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија за кој од страна Европската унија општина Конче има одобрено буџет од  172 000 евра.

,, Се надеваме дека со тоа ќе го подобриме туристичкиот потенцијал на општините Конче и Ќустендил.Тоа е местото покрај влашките колиби кои во моментов се три на број, а во иднина ќе бидат изградени уште три.  Целиот тој простор ќе биде и уреден така што ќе може да го развиваме туризмот во нашата општина.,, вели Благој Јованов – градоначалник на општина Конче

Уредувањето на новото излетничко место кај езерото Мантово општина Конче го реализира во партнерство со бугарската општина Ќустендил , а во рамки на проектот ,,Заедничка одржлива иднина - подобрување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче,, .За реализација на проектите во двете општини вкупниот буџет кој е одобрен од ИПА програмата изнесува нешто повеќе од 412 000 евра.