Loading Video...
Кошарка
9. May 2018 - 8:37

Со 17 тројки МЗТ ја победи Блокотехна

 
 
Екипата на МЗТ Скопје поведе со 1-0 во победи во полуфиналната серија од плејофот против Блокотехна. 
 
Во првиот меч од разигрувањето игран во СЦ „Јане СанданскиЕ актуелниот шампион во интересен меч забележа победа над Блокотехна со 80:74 со која  поведе со 1:0 во серијата подобар до три. 
 
Аеродромци погодија дури 17 тројки, од кои Марко Симоновски реализира девет, а средбата ја заврши со 27 поени.
 
Следниот натпревар од серијата се игра во петок во Гевгелија.
 
Попладнево (19 часот) во „Градски парк“ првиот дуел од полуфиналето ќе го играат Работнички и Куманово.