Со 14 милиони евра од Светска банка се обновуваат 12 регионални патишта
На регионалниот пат Драчево – Јурумлери денеска почнаа активности за реконструкција. Патот во должина од четири километри е меѓу 12-те најоштетени делници на кои се врши реконструкција по мерењето на состојбата на патиштата во соработка со Светска банка од каде и се обезбедени 14 милиони евра за таа намена.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на означувањето на почетокот на реконструкцијата истакна дека во овој момент има силен фронт за работа, односно дека се постојано на околу дваесетина патни правци и оти во наредната година ќе се работи со исто темпо и ќе биде година на силни капитални инвестиции со кои конечно ќе се раздвижи домашната економија.
– Започнуваме со уште еден капитален проект. Овој пат е дел од 12 –те концептуални патни прави што се реконструираат преку заемот од Светка банка во висина од 14 милиони евра. Проектот се реализира преку ЈП за државни патишта, вкупната должина на сите овие правци изнесува преку 120 километри регионални патишта, изјави министерот Сугарески.
Тој најави дека циклусот инвестиции во подобрување на патната мрежа продолжува континуирано и во наредниот период.
– Нови седум патни правци со должина од преку 100 километри, преку заем од ЕБОР ќе започнеме да ги рекoнструираме до крајот на оваа година. Исто така ЈПДП до крај на годината ќе распише тендер за реконструкција на уште седум нови патни правци, а веќе следната година ќе се распише тендер за реконструкција на 14 регионални патишта со заемот од ЕБОР, посочи Сугарески.
Дополнително со заем од Светска банка од околу 70 милиони евра ќе се инвестира во подобрување на локалната патна мрежа.
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти