Македонија
29. August 2020 - 13:14

Снопче од коалицијата АА А: За Владата нема да гласаме, нема да се реализираат 90 отсто од програмата

За владата сигурно нема да гласаме, меѓутоа нормално ако има големи и нови аргументи од страна на мандаторот може да се предомислиме, меѓутоа не верувам. Досегашното искуство тврди дека тоа не може да се случи, изјави пратеникот Хаљум Снопче од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, пред почетокот на денешната седница на Собранието  кое расправа за избор на нова влада на мандатарот Зоран Заев.

Пратеникот Снопче смета дека нема да се реализираат над 90 отсто од точките во владината програма за која што потенцира дека имале само два дена за подготовка за дебата.

-Имавме можност само два дена да ја прочитаме предложената програма од страна на мандатарот. Не знам дали е доволно бидејќи е опширна програмата. Има голем број точки. Со потполна одговорност и со сета моја скромност тврдам дека нема шанси да се реализираат над 90 отсто од предложените точки во програмата. Да имавме уште само два дена можност да се подготвиме, ќе ги напишав точка по точка сите над 90 отсто точки што ги има коишто нема никогаш да се реализираат. Ние колку што можевме се подготвивме за денеска, ќе ги искажеме сите наши забелешки, ќе ги искажеме точките за коишто сметаме дека не се возможни да се реализираат и да ги потенцираме точките што не се внесени, а би требало да се внесат во програмата итн, рече Снопче.