Снимката од Белата куќа за Ким има голема грешка: Да го знаеше ова Трамп немаше да му ја пушти | Сител Телевизија
Свет
13. јуни 2018 - 23:04

Снимката од Белата куќа за Ким има голема грешка: Да го знаеше ова Трамп немаше да му ја пушти

Во обид да го убеди Ким Џонг-ун да го потпише договорот, Доналд Трамп во Сингапур му покажа промотивно видео.

Белата куќа го објави на својата Фејсбук страница, а видеото е направено за да му ги покаже на лидерот на Северна Кореа перспективите за економијата на земјата доколку се сврти од изолационизам и ги развива врските со остатокот од светот.

Кога нараторот зборувал за странски инвестиции и напредни технологии, видеото покажувала линија за склопување автомобили, кои биле мнгоу слични на руската Лада Приорас.

Зошто авторите на видео снимката наменета за промоција го избрале рускиот производител на автомобили, наместо своите останува мистерија.