Живот
16. October 2017 - 15:14

Снимката која го шокираше Интернетот: Уапсена пријателката на Русинката која топлес удрила со глава во сообраќаен знак

Жената која ја снимала својата пријателка во топлес додека таа висела низ прозорот на автомобилот пред да удри со главата во сообраќаен знак и загинала, полицијата ја задржала поради сомнение дека ја возела својата пријателка под дејство на алкохол.

35-годишната Наталија Бородина била снимена како гола виси преку прозорот за време на нејзиниот одмор во Доминиканската република. 

Полицијата го пронашла сообраќајниот знак кој ја убил Бородина, па ја притворила нејзината 32-годишна пријателка, Украинката Ивана Боирачук, пишува Daily Mail

Трагите гуни покажуваат како црвената "Kia Picanto" удрила во работ на плочникот во моментот на трагичната несреќа. 

Боирачук со својот телефон ја снимала пријателката која со горниот дел на телото висела преку прозорот на автомобилот, додека се возеле назад од плажата во близина на Пунта Кане. 

Бородина се смеела во камерата, но по неколку секунди видеото го покажало ударот. Брзо била пренесена во болница, но починала поради тешките повреди. 

"Жената се забавувала и ги покажувала голите гради додека нејзината пријателка го возела автомобилот", напишал "Московски комсомолец", која ја навел изјавата на еден експерт дека 95 проценти од смртните случаи на Русите во странство се последица од "нивните сопствени глупости", а не тероризам или природни катастрофи. 

Пријателите на Бородина, која живеела во Кан, луто ги демантирале наводите дека таа работела како ескорт, па рекле дека станувало збор за добра мајка на својот 11-годишен син. 

Семејството вели дека не може да ги плати трошоците за репатриација на телото, за да го погребаат во Русија, и признаваат дека Бородина немала осигурување кога отишла во Доминиканска република. 

Нејзината пријателка Елена Корољова вели дека мртвата жена не би требало да се суди според однесувањето кое довело до нејзината смрт. 

"Им помагаше на сите во своето сиромашно семејство", рекла таа. "Никој друг не работеше, само Наталија", додала. 

"Се надеваше на подобра иднина. И секој може да погреши, зошто да ја судиме по едно видео. Сите да не сме светци?". 

"Наталија има сестра Јулија која живее во Чељабинската област, заедно со нивната 80-годишна мајка", рекла семејната пријателка Анжелика Клинг. 

"Јулија сама го порасна својот син, а се грижи и за синот на Наталија кога таа не е тука. Тие немаат пари да го платат превозот на телото".

Други пријатели за неа рекле дека таа се развела од нејзиниот сопруг, кој сега има друго семејство и не го гледа својот син. Разводот многу ја потресол Наталија. 

"Беше успешна без да се проституира, добро заработуваше, можеше да си дозволи многу работи", рекла друга пријателка.