Балкан
5. February 2019 - 12:19

Снимка од педофил ја шокираше Србија: Намамил девојче (9) во зграда и се обидел да го силува

Новопазарската полиција го уапси Е.Д. под сомнение дека во зградата Бор во центарот на градот се обидел сексуално да злоставува девојче од 9 години.

На снимката од надзорните камери, до кои дошла РТВ Нови Пазар, се гледа како мажот го намамува девојчето во зграда, а потоа го нападнал девојчето и тоа некако успеало да му се оттргне на педофилот и да побегне од зградата!

Меѓутоа, потоа тој потполно ноншалантно разговарал по телефон и се спуштил по скалите и ја напуштил зградата.

Да потсетиме, се работи за 38-годишен граѓанин на Нови Пазар, кој, како што напиша мајката на жртвата на социјалните мрежи, го „намамил“ девојчето во влезот на зградата „Бор“ по што и ја кренал јакната и ја допирал по телото.

 

(Kurir.rs)