Живот
28. December 2017 - 15:01

Снимка од човек како умира од болка предизвикана од рак е најужасното видео на годината, ретко кој може да ја изгледа до крај

Краток филм на човек кој умира, а кој навистина е тежок за гледање е најужасното видео на годината. Филмот под името "Stop The Horror" го прикажува целиот ужас низ кој поминуваат луѓето на кои им е дијагностициран рак. Иако трае само 5 минути ретко кој може да го изгледа до крај.

Базиран е на вистинска приказна, по Грег Симс, 56-годишен маж кој починал во 2005. година, откако последните неколку денови ги поминал во ужасни болки во својот болнички кревет.

Она што е најужасно на ова видео е тоа што се што гледате е вистинско, и болката и страдањето. Во очај ќе притиснете стоп за да не гледате повеќе.

Филмот е исклучително експлицитен и го прикажува Грег Симс како се грчи во болки, но и членовите на неговото семејство кои се присилени да ја гледаат неговата агонија. Гледаат како поминува низ кошмар а не можат да направат ништо.

Болката која Грег и неговото семејство ја преживеале постојат и ќе продолжат да постојат, освен ако не постојат други избори.

Видеото го направиле активисти кои се борат за легализација на еутаназија во Австралија, а покажува момент од крајот на животот на личност која боледува од рак. Видеото е забрането на Јутуб и може да се гледа само трејлерот.

Организацијата која се бори да се легализира правото на болните од рак на еутаназија добила дозвола од ќерката на Грег да го користат видеото. Нејзината храброст ра разговара за сопствените и преживувањата на татко и помогнала во Австралиската држава Викторија да биде запрен хоророт и страдањето на оние кои се болни и умираат од болки од кои не можат да се ослободат. Еутаназијата ќе биде легална во Викторија во 2019.

Да филмот е вознемирувачки, но не можеме да отстапиме од страдањата кои ќе продолжат доколку не се усвои овој закон насекаде во светот.

Погледнете го видеото.