Живот
26. December 2018 - 19:34

Снимка од Белата куќа: На Трамп му пристигна подарок од Русија - погледнете ја реакцијата на Меланија

Божиќното утро во Белата куќа и подароците под елката кои ги добил претседателот на САД, Доналд Трамп, се тема на хумористичното видео кое го освои интернетот.
 
Видеото е направено од страна на руската телевизија "Russia Today" на тема - што би направил Трамп доколку добие божиќни подароци од државите со кои Америка има затегнати или непријателски односи?
 
 
Снимката започнува така што американскиот претседател седи во Овалната соба пред накитената елка и ги отвора подароците. Првиот подарок е од севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун кој му испратил биста од него и од Трамп. Вториот подарок е црвена капа со неговото мото "Да ја направиме Америка повторно голема" со етикета "Произведено во Кина", на кое Доналд многу се нервира.
 
Од украинскиот претседател Петро Порошенко, кој има мегакомпанија за слатки поради која го нарекуваат и "крал на чоколадото", добил чоколади со ликот на Трамп и американското знаме, а од кралот на Саудиска Арабија добил круна - единствениот подарок кој го задржал.
 
 
 
Во морето подароци, претседателот здогледува скриен пакет со зелена украсна лента и од него вади маица со натпис на руски јазик "Вие работите во ГРУ? (Руска разузнавачка известувачка служба)".
 
На крајот од видеото се гледа како Трамп лежи на креветот додека Меланија се појавува облечена во таа маица.
 
 
"Ох, одлично. Меланија, ти си ...од таму некаде. Што пишува на маицата?", ја прашува Доналд.
 
"Да, Доналд. Пишува "Да ја направиме Америка повторно голема. А што друго?".
 
"Секако, така е. Така и си мислев", вели тој.