Живот
26. January 2019 - 14:40

Снимка која со неверување ќе ја гледате неколку пати: Елен со полна брзина излета пред велосипедист, еве што се случи

Велосипедистот Рид Шонел имал голема среќа во незгодата која се случи на еден магистрален пат во американската сојузна држава Аризона кога при голема брзина се судри со елен.

Неговиот пријател Брајан Рајд поставил камера на задниот дел од велосипедот и камерата го сними вознемирувачкиот момент во кој Шонел буквално одлетал на глава по сударот со еленот.

Велосипедистите рекоа дека еленот успеал да отрча во шумата и не покажал знаци на повреда.

„Бев свесен за се и не покажував никакви симптоми за потрес на мозокот. Поради тао не ми беше потребна медицинска помош. Сепак, имав големи болки“, раскажа Шонел.

Прецизираше дека скршил мала коска во стапалото и дека има многу модринки и помали рани по рацете од падот на асфалтот.