Живот
10. May 2017 - 14:53

Снимка која ја заинтригира планетата: Дали е ова доказ дека сирените постојат?

Оваа снимка направена во Полска го обиколи светот и ја „изненади“ светската јавност. Имено, таа претставува најнов доказ дека сирените можеби постојат, како што пренесува британски Мирор.

На снимката можат да се видат група мажи во заштитни одела како од езерото извлекуваат маж со огромна опашка, а потоа го ставаат на носилка. Во еден момет се гледа дека ова мистериозно суштество има огромна брада.

За снимката нема никакви информации, и додека за едни ова е доказ дека сирените постојат, други претпоставуваат дека опашката е лажна или дека се работи за снимање на некој филм.

Кое е вашето мислење?