Свет
11. September 2017 - 10:38

Снимка која го покажува ужасот во Мајами: Еве што остана откако низ градот помина ураганот Ирма

Снимката од Мајами пред и после ураганот Ирма најдобро покажува каква штета направи во градот.

Улиците од Мајами се поплавени, дрвата искорнати, а уништени се и водовите со струја, поради што над 4 милиони луѓе останаа без струја. Неколку луѓе загинаа.

Поплавен е и аеродромот во Мајами, кој е најголем на Флорида и кој нема да биде отворен најмалку уште еден ден.

Метеролозите и натаму предупредуваат на појавата на опасни таканаречени „сторм сурџеви“ и обилни поплави во местата каде поминала Ирма.

Погледнете како Мајами изгледаше претходно, а како изгледа по ураганот Ирма.