Бизарно но вистинито
31. August 2018 - 12:12

Снимен ужасен момент: Педофил нападна 12 годишно девојче

Во едно интернет кафе на Филипините, педофил се обиде да бакне 12 годишно девојче, а откако таа го бутна, тој побегна.

На снимката се гледа маж кој неколку минути се врти околу девојчето, спремајќи напад, по што ја повлекува за коса, ја фаќа за главата и ја бакнува спротивно на нејзината волја.

По нападот девојчето почнало да плаче и да се тресе. Напаѓачот кој веднаш побегнал се уште не е пронајден, а во потрагата се вклучила и полицијата.