Снимен убиецот на Оливер Ивановиќ? Камерите го забележале убиството во Косовска Митровица
Над просториите на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ во Косовска Митровица стојат две камери за видео надзор кои најверојатно го забележале моментот, кога е убиен лидерот Оливер Ивановиќ, изјави извор за српски Блиц.
Недалеку од таму, поточно на километар и нешто, полицијата пронајде запалено возило марка опел астра со кое убиецот, најверојатно побегнал од местото на злосторството.
Косовската полициајта претходно соопшти дека има информации за потеклото на тоа возило.
Имено, генералниот директор на полицијата Шпенд Маѓуни, не изнесувајќи многу детали, рече дека имаат доволно информации за да се трага по сопственикот на возилото.
-Возилото било без регистарски таблички, но успеавме да обезбедиме доволно информации за потеклото и сопственикот на возилото. Не може да ви дадам повеќе детали, но информациите што ги имаме се доволни за да се трага по сопственикот на возилото, изјави Маѓуни на конференцијата за медиуми по седницата на Советот за безбедност на Косово.
Ивановиќ почина во Здравствениот центар во северниот дел од Косовска Митровица, откако врз него непознато лице истрела повеќе куршуми од пиштол пред седиштето на Граѓанската иницијатива СДП.
Ковчегот со телото на Оливер Ивановиќ денеска попладне околу 18.30 часот е донесен пред просториите на партијата каде ќе преноќи.
Утре, како што е најавено, ќе биде префрлен во Белград.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок