Свет
22. March 2019 - 21:10

Снимен моментот кога траектот усмрти 100 луѓе: Во паника бегаа на едната страна од бродот, а кога се преврте Тигар ги однесе жртвите

Бројот на жртвите во несреќата на реката Тигар кај Мосул порасна на 100, а најголем дел тоа се жени и деца кои ја славела Курдската нова година и доаѓањето на пролетта.

Станува збор за најсмртоносна несреќа во Ирак во последните години и граѓаните и властите побараа да се открие причината за потонувањето на бродот што поскоро.

Претседателот на Ирак Бахрам Салех и премиерот Адел Махди дојдоа во Мосул додека трае потрагата по телата на настраданите.

Несреќите од овој тип во Ирак не се чести.

Како што покажуваат снимките од надзорните камери, десетина луѓе се качиле на траектот кој потоа прво се навалил на страна, а потоа и се превртел, заробувајќи ги луѓето под тешкото, рамно дно на коритото.

Едно неименувано официјално лице рече дека до несреќата дошло поради комбинација на високиот водостој на Тигар и преполнетоста на бродот.

Судот издал налози за апсење на сопственикот на бродот и другите лица на некој начин одговорни за него.