Свет
28. March 2021 - 14:30

Снимен моментот кога бомбаши самоубијци активирале експлозив пред црква во Индонезија | ВИДЕО

Двајца бомбаши самоубијци се разнеле утрово пред католичката црква во индонезискиот град Макасар. Биле ранети 14 верници во првиот ден од велигденската Света недела, рекле полицајците и сведоците.

На снимките се гледа како полицијата поставува кордон околу црквата, а автомобилите кои биле паркирани во близина се оштетени. Моментот на експлозија е забележан од безбедносната камера.

За време на експлозијата се одржувала миса во црквата на островот Сулавеси, рекол за „Ројтерс“ Е. Зулпан, портпаролот на полицијата на јужен Сулавеси.

Додал дека е нејасно дали деловите од телата пронајдени на местото на настанот им припаѓаат само на напаѓачите.

Свештеникот Вилхемус Тулак за индонезиските медиуми рекол дека еден од бомбашите се обидел со мотор да влезе во црквеното подрачје, но бил запрен од обезбедувањето. Тој истакнал дека некои од жртвите се тешко ранети.