Македонија
17. January 2017 - 21:04

Снежно невреме, забрана за камиони на превоите Плетвар, Стража и Ѓавато и на крак Маврово - Дебар

Поради обилни врнежи од снег вечерва од 20.30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Од 20.10 часот забрана беше воведена на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 19.45 на патот Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража и од 18.30 часот преку планинскиот превој Плетвар на патниот правец Кавадарци - Прилеп. 

На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, на кои има остатоци од кашест снег.

Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека нивни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни  и апелираат возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.