Балкан
29. January 2023 - 8:51

Снежно невреме во Романија, затворен сообраќајот кон Букурешт

Снег и снежни виулици ги затворија патиштата и блокираа луѓе во некои делови на Романија.

Поради лошото време возовите доцнат два-три часа.

Повеќе од 100 пожарникари, жандармерија и војници се приклучија да помогнат во најпогодените области. Неколку екипи интервенираа да одблокираат 11 возила и три камиони заглавени на патот Е85.

Во округот Бузау, 50 војници и пет технички машини помогнаа да се расчистат десетици возила заглавени со часови. Во Вранча е прогласена вонредна состојба.

Сообраќајот кон Букурешт е затворен. Снегот и силниот ветер предизвикаа хаос во главниот град. Оштетени се 38 автомобили поради паднати дрвја и билборди.

Лошото време ќе продолжи и во наредната недела, иако врнежите од снег ќе се намалуваат во повеќе делови од земјата, прогнозираат синоптичарите.