Свет
16. November 2018 - 15:13

Снежно невреме го зафати Њујорк: Снегот ги затвори улиците, сообраќајот во хаос

Силното снежно невреме го парализираше Њујорк.  Влажниот снег и и силните налети на ветар кршеа гранки од дрва кои го отежнаа сообраќајот, јавија локалните медиуми.
 
Полицијата им препорача на луѓето да не излегуваат и да ги избегнуваат патиштата.
 
Поради лошото време, автобусите тешко стигнувале до централната автобуска станица на Мехнетн, што предизвикало голема гужва на станицата.
 
 
Доцнеле и вонградските возови, а на мостот „Џорџ Вашингтон“ дошло до верижен судар во кој учествувале неколку автомобили.