Македонија
9. January 2019 - 13:03

Снежните врнежи не создаваат поголеми тешкоти во Кичево

Снегот кој од синоќа врне непрекинато со променлив интензитет во Кичево и кичевско сега за сега на предизвикува големи тешкоти.

Локалните патишта, според одговорите во општината, редовно се чистат од фирмите задолжени за нивно одржување.
 
- Снежната покривка во градот во овие моменти е околу десетина сантиметри, а во руралните места е двојно пвисока. Сепак, патиштата се проодни и до највисоките потпланински рурални места, изјави Емин Насуфи од општина Кичево.