Свет
26. November 2018 - 12:03

Снежна бура ги окова САД: Откажани 1.600 летови, најзагрозен е Чикаго

Повеќе од 1.600 летови од американските аеродроми се откажани, а уште 15.000 се одложени поради снежната бура.

Најголем број летови, 770, се откажани на меѓународниот аеродром во Чикаго.

Според податоците на Си Ен Ен околу 14 милиони луѓе живеат во подрачјата на кои е најавена снежната бура. Уште 20 милиони жители на Канзас, Мисури, Небраска и Ајова се предупредени за силните ветрови.

Метеоролозите очекуваат снежни врнежи на средниот задпад во САД.