Снепчат попопуларен од Твитер
Според најновите статистики на Блумберг, дојде и денот кога Твитер е поразен.
Снапчат сега на дневна база брои 150 милиони корисници, додека бројот на оние кои повеќе го сакаат Твитер опадна под 140 милиони.
И натаму тоа се големи бројки, но ваквата состојба за Твитер доаѓа во момент кога социјалната мрежа се бори да ги убеди огласувачите да ги одберат токму нив, додека Снапчат ги нема тие проблеми.
Според шефот за финансии на Твитер, Антонио Ното, во првиот квартал годинава оваа социјална мрежа секојдневно ја користеле околу 136 милиони корисници, што е пад во однос на поранешните податоци и помала бројка во споредба со константната доминација на Фејсбук и експлозивниот раст на Снапчат.
Снапчат особено е популарен меѓу младата генерација, а со растечкиот број достапни социјални мрежи, Твитер се потешко се држи во чекор со конкуренцијата.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто